×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Волонтерите од „Не биди ѓубре“ денеска ќе чистат кај „Мај маркет“

    31.07.2019 13:09 | KumanovoNews

    На булеварот „Октомвриска Револуција“, поточно од Мај маркет до Скара- Жмара,  денеска во 18 часот, волонтерите на граѓанската иницијатива „Не биди ѓубре“ ќе спроведат еколошка акција, со цел да се исчисти тој дел од градот.

    Волонтерите од „Не биди ѓубре“ денеска ќе чистат кај „Мај маркет“

    Волонтерите ги повикуваат граѓаните да им се придружат заедно чистат.

    „Не можеме повеќе да чекаме и да се надеваме дека некој ќе ни го исчисти градот кој со години е нечист. Нели, ако сакаш да го промениш светот, прво почни од себеси? Бројот на волонтери со секоја акција се зголемува, се надеваме дека и бројот на освестени граѓани ќе се зголеми. Кога пред себе не гледаш пример, биди ти примерот, - вели Никола Миревски, волонтер од „Не биди ѓубре“.

    Досега беа спроведени три акции за чистење кај регионалниот пат Куманово-Свети Николе, потоа на улица Моша Пијаде и последната кај Пионерскиот дом.