Вонредна дератизација во Липково
Екипи од Центарот за јавно здравје Куманово извршија вонредна дератизација во општина Липково, како превентива за заштита од болеста туларемија.

Вонредна дератизација е направена на дивите депонии, места каде има ѓубре и резервоари за вода во општината.
Направена дезинфекција и дератизација на општинската зграда во општина Липково, како и во сите училишта и помошните објекти на подрачје на општината. Дератизација беше направена превентивно и во домовите на заболените од туларемија“ - велат од Центарот за јавно здравје Куманово.
Дезинфекција е направена во 33 домови на територија на општина Куманово и 4 на територија на општина Старо Нагоричане, кои претходно беа поплавени. Онаму каде имало појава на глодари, извршена е и дератизација.