Вонредна крводарителска акција во Центарот за култура
17.07.2019 13:01
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен крст Куманово, утре организира вонредна летна крводарителска акција.
Акцијата ќе се одржи во Центар за култура “Трајко Прокопиев” од 9-14 часот.
Соочени со мали резерви на крв и реална опасност за појава на недостатоци на одредени крвни групи, ја организираме оваа крводарителска акција. Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост, - велат организаторите.