Вонредна летна крводарителска акција во Центарот за култура
21.08.2019 20:42
| KumanovoNews
Општинската организација на Црвен крст Куманово, утре организира вонредна крводарителска акција во Центарот за култура во Куманово.
„Соочени со мали резерви на крв и реална опасност за појава на недостатоци на одредени крвни групи, Црвен крст на Република Македонија- општинска организација Куманово организира, вонредна летна крводарителска акција. Да ја покажеме уште еднаш нашата хуманост“, - соопштуваат организаторите.
Акцијата ќе се одржи од 9-14 часот.