Мени

Вооружен грабеж во казино Сенатор

11.03.2015 11:20 | KumanovoNews

Маскирани и вооружени лица синоќа одзеле 70.000 денари од казиното Сенaтор на ул.„Тоде Мендол“ во Куманово.

Вооружен грабеж во казино Сенатор

 Разбојништвото се случило во 20.40, кога насилниците со пиштол се заканиле на вработената да им го даде дневниот пазар. Откако одзеле 70 000 денари побегнале. Полицијата презема мерки за нивно пронаоѓање.