Воз удрил во автомобил на железничкиот премин во Лопате, едно лице повредено
12.08.2020 07:34
| KumanovoNews
Едно лице е повредено откако воз удрил во автомобил на железничкиот премин во селото Лопате.

Несреќата се случила ноќеска еден час по полноќ, соопштуваат од Регионалниoт центар за управување со кризи (РЦУК).
„Станицата за Итна медицинска помош - Куманово не извести дека на патот за Лопате кај железничкиот премин во 01:00 часот воз удрил автомобил. Од страна на Брза помош повреденото лицето кое се наоѓало во возилото е пренесено на хирурушкото одделение во Општа болница Куманово, - стои во информацијата.