Воз удрил во комбе на железничкиот премин во Лопате, двајца повредени
19.11.2023 10:18
| Сузана Николиќ
Две лица се повредени утринава откако во нивното комбе удрил воз кој сообраќал на релацијата Скопје - Табановце на железничкиот премин во кумановското село Лопате.

„Несреќата се случила во 5.50 часот, кога локомотива удрила во патничко моторно возило комбе. Две лице се полесно повредени и пренесени се во Општа болница Куманово. Железничкиот собраќај е нормализиран во 09.45 часот и функционира редовно и без застој. Оштетено е само комбито, додека матерјална штета на пругата нема“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) Куманово.