Возач на четирицикл повреден откако излетал од патот
28.07.2019 08:50
| KumanovoNews
Едно лице е повредено откако паднало од четрцикл на регионалниот пат Куманово – село Белановце, на влезот во селото Слупчане.

Несреќата се случила вчера околу 15.30 часот, кога О.Ј.(37) од с. Лојане, додека управувал четирицикл “Сестек“ со швајцарски национални ознаки, излетал надвор од коловозот.
О.Ј. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општа болница во Куманово.
Увид извршила увидна екипа од Куманово.