Мени

Возел мопед под дејство на алкохол, изгубил контрола и се повредил

13.05.2026 12:24 | KumanovoNews

Кумановец се здобил со тешки повреди откако паднал од мопед што го управувал под дејство на алкохол.

Возел мопед под дејство на алкохол, изгубил контрола и се повредил

Вчера во 18:05 часот било пријавено дека на крстосницата меѓу улицата „Илинденска“ и плоштадот „Маршал Тито“ во Куманово, Д.Ѓ. (47) од Куманово, управувајќи мопед „Пиаџо“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.

„При увидот извршен од увидна екипа на СВР Куманово и по направените проверки, било констатирано дека Д.Ѓ. го управувал мопедот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,80 промили алкохол во крвта. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, соопшти полицијата.