Возел пијан и без возачка дозвола, полицијата го привела
15.06.2026 14:47
| KumanovoNews
Полицијата приведе 44-годишен жител на селото Тромеѓа откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
„Вчера во 20:30 часот на улицата „100“ во населбата Карпош, полициски службеници извршиле сообраќајна контрола и сопреле патничко моторно возило „Фолксваген Голф“, управувано од жител П.Т. (44) од село Тромеѓа“, соопшти полицијата.
При проверката било утврдено дека возачот не поседува возачка дозвола, а алкотестот покажал 1,93 промили алкохол во крвта.
Тој бил приведен и задржано во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“.