×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Возењето во алкохолизирана состојба најчеста причина за сообраќајки - oд почетокот на годината откриени над 70 пијани возачи во Куманово

    21.02.2021 18:14 | KumanovoNews

    Во првите 45 дена во година санкционирани се 71 возач кај кои е откриено дека управуваат возило под дејство на алкохол, ова беше кажано на денешната сообраќајна акција „Безбедно во сообраќајот“, која има за цел да ја зајакне свеста и создаде поголема култура за сите учесници во сообраќајот.

    Возењето во алкохолизирана состојба најчеста причина за сообраќајки - oд почетокот на годината откриени над 70 пијани возачи во Куманово

    „Во 2020 година, во време на пандемија имаше помал број на проверки и 192 возачи се санкционирани поради употреба на алкохол позади воланот. Во овие 45 дена од новата година, односно до 15-ти февруари, веќе 71 возач е санкциониран по овој однос“, рече Виолета Богдановска, началничката на Секторот за превенција, при СВР Куманово.

    На денешната акцијата за безбедност во сообраќајот учествуваа припадници од сообраќајната полиција при СВР Куманово, кои им помогнаа на учениците од две основни училишта да поделат флаери и да им овозможат на возачите да ги пробаат „пијаните очила“.

    „Учениците заедно со сообраќајната полиција ќе стопираат возила и ќе ги замолат возачите да ги пробаат „пијаните очила“ кои покажуваат одреден степен на пијанство: 0.5, 1.00, 1.5 и 2 промили алкохол во крвта. Се надеваме дека ќе наидеме само на трезни возачи кои ќе имаат прилика да видат како е кога би биле под дејство на голема количина алкохол, и како се намалуваат способносите. Ова е всушност и најчестата причина за предизвикување на сообраќајни незгоди“, посочи Богдановска.

    Таа апелираше до сите граѓани да конзумираат алкохол во нормални количини, но да не ги користат моторните возила кога нема да бидат способни – да го сочуваат своето здравје и животот, но и на другите околу себе.

    Ученичката патрола ќе ги посети и угостителските објекти низ градот, па заедно со припадниците на сообраќајната полиција ќе се обидат да им покажат на луѓето како е кога сте под дејство на алкохол, со виртуелните „пијани очила“. Ќе биде спроведена и анкета во врска со користење на возилата при прослави и веселби, но и ќе се поделат заштитни маски, училишен прибор и друг едукативен материјал на возачите.

    (Д.Д.)