×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вработените во Центарот за култура не го поддржуваат штрајкот

    21.01.2015 10:54 | KumanovoNews

    Центарот за култура “Трајко Прокопиев“  работи нормално, бидејќи вработените не се приклучија на штрајкот на СОНК.

    Вработените во Центарот за култура не го поддржуваат штрајкот

    Од синдикатот објаснуваат дека повеќе од половина од нивните вработени не се зачленети во синдикат, а остатокот се задоволни од висината на платите и немаат причина за штрајкување.

    “Во Центарот за култура и во театарот има повеќе од 70 вработени, и поголем дел од нив не се зачленети во синдикат и не го поддржуваат штрајкот. Извршителите во театарска дејност имаат покачување од Влада од 20 до 40 отсто на плата и тие немаат зошто да штрајкуваат, тие се задоволни од платата. Кај нас програмите се закажуваат календарски и однапред закажани програми не може да се откажуваат. Ако има некоја манифестација, секогаш постои можност таа да се реализира со луѓето кои не се членови на синдикат“ - рече Горан Јакимовски, претседател на синдикална организација во Центарот за култура.

    Во наредените денови во театарот и Центарот за култура ќе се реализираат тековните активности и културни настани.