Согласности за вработувања во училиштата и регионалниот отпад меѓу точките на седницата на Советот
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница на која пред советниците ќе се најдат 20 точки на дневниот ред.
Најголем дел од предлозите се однесуваат на давање согласност за вработувања во основните училишта, како и на објавување огласи за избор на членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.
Меѓу позначајните точки се и разгледувањето на Годишниот извештај и Програмата за развој на Североисточниот плански регион, како и предлогот за начинот на финансирање на Јавното претпријатие за регионално управување со отпад „ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК“.
Дневен ред
1.Годишен извештај за реализација на Програмата за развој на Североисточен плански регион 2021 – 2026, за 2025 година, со Извештај за финансиското работење на Центарот за развој на Североисточен плански регион за 2025 година;
2.Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлука за основање на Заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
3.Предлог – Одлука за утврдување на начинот на финансирање и обезбедување средства за тековно работење и одржување на Заедничкото јавно претпријатие за регионално управување со отпад ЕКО ИСТОК – СЕВЕРОИСТОК Свети Николе;
4.Информација за состојбата со канализационата мрежа во с. Тромеѓа;
5.Предлог – Одлука за давање на согласност за продажба на движни ствари, сопственост на Општина Куманово, по пат на електронско јавно наддавање;
6.Предлог – Одлука за давање на користење на недвижна ствар сопственост на Општина Куманово без надоместок на Собрание на Р.С. Македонија;
7.Предлог – Одлука за именување на членови на општински совет за социјална заштита на Општина Куманово;
8.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Крсте Мисирков” – Куманово;
9.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Миладиновци” – Куманово;
10.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „11 Октомври” – Куманово;
11.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вук Караџиќ” – Куманово;
12.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Бајрам Шабани“ – Куманово;
13.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Наим Фрашери“ – Куманово;
14.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Толи Зордумис” – Куманово;
15.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кочо Рацин” – Куманово;
16.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Христијан Карпош” – Куманово;
17.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Магдалена Антова” – Куманово;
18.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Јероним Де Рада“ с. Черкези – Куманово;
19.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Кирил и Методиј” с. Романовце – Куманово;
20.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Битолски Конгрес” с. Лопате – Куманово;
21.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Карпош” с. Умин Дол – Куманово;
22.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Браќа Рибар” с. Табановце – Куманово;
23.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце – Куманово;
24.Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2027 година на УОМО „Панче Пешев” – Куманово;
25.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 01/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Водовод“- Куманово;
26.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 02/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“- Куманово;
27.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 03/26– дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови на Управен одбор и членови на Надзорен одбор на Јавно претпријатие „Пазаришта“- Куманово;
28.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 04/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен и членови на Надзорен одбор на Јавно „Куманово - паркинг“ – Куманово;
29.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 05/26 – дополнување, за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Управен одбор и член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово Гас“- Куманово;
30.Предлог – Одлука за објавување на Jавен повик 06/26 - дополнување за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на Надзорен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово План“- Куманово
31.Предлог-Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2026 година.