×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Вреќи со мртви кучиња расфрлани во поранешната касарна во населбата Карпош

    02.04.2019 11:15 | KumanovoNews

    Вреќи со мртви кучиња и медицинска опрема,  била пронајдена утринава од случајни минувачи во напуштената касарна во населбата Карпош.

    Вреќи со мртви кучиња расфрлани во поранешната касарна во населбата Карпош

    Како што соопштуваат од здружението Анима мунди на нивната Фејсбук страна, за случајот е известена и полицијата и Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие претпоставуваат дека кучињата се убиени, а тоа го извршило стручни лица, бидејќи куќињата имале канили во вените.

    „Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп. Куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре. Кучиња со вкочанети вилици - кои укажуваат на насилна смрт, со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен чин,- пишуваат од Здружението.

    Тие бараат од надлежните под итно да ги најдат и најостро да ги казнат сторителите на овој грозоморен чин, кои ги фрлиле мртвите животни на запуштено и изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.

    Од СВР Куманово потврдија дека во 12. 05 часот, од здружението Анима мунди го пријавиле случајот, по што полициска екипа излегла на терен да изврши увид.