Врнежи и грмежи до петок, за викенд сончево и топло
17.04.2019 12:05
| KumanovoNews
Од пладне во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Утре на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врмежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер.
Во петок и за време на викендот ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.
Од понеделник попладне се очекуваат нови локални врнежи од дожд.