Мени

Хероите од „Диво Насеље“ вечно ќе живеат во колективната меморија на македонските граѓани, кажа Тошковски

09.05.2026 17:11 | KumanovoNews

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“, во чест на осумтемина припадници на македонската полиција кои ги загубија своите животи во терористичката акција во 2015 година.

Хероите од „Диво Насеље“ вечно ќе живеат во колективната меморија на македонските граѓани, кажа Тошковски

Министерот Тошковски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, посветено на загинатите полициски службеници – Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.

„Тие беа храбри припадници на македонската полиција кои во најтешките моменти застанаа во одбрана на државата, безбедноста и мирот на граѓаните. Нивната жртва останува врежана во колективната меморија на македонските граѓани како симбол на чест, достоинство и непоколеблива храброст. Нашата обврска е никогаш да не ги заборавиме и достоинствено да го чуваме споменот за нив. Македонија вечно ќе им биде благодарна.“, истакна министерот Тошковски.

Во рамки на одбележувањето, министерот присуствуваше и на меморијалниот турнир во мал фудбал „Хероите живеат вечно“, организиран во чест на нивната жртва, храброст и љубов кон татковината.