За една ноќ полицијата открила 27 пијани возачи
04.03.2019 12:03
| KumanovoNews
Од вкупно 85 возачи колку што биле контролирани за пет часа во Куманово, полицијата открила присуство на алкохол во крвта кај 27 возачи.

Во текот на 02/03.03.2019 година во периодот од 23.00 -04.00 часот на подрачје на СВР Куманово беше спроведена засилена акциска контрола со цел откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола контролирани се 85 возачи, а кај 27 возачи е утврдено присуство на алкохол. Во акциската контрола преземени се вкупно 80 мерки од кои 27 возачи се исклучени од сообраќај, а откриени се и 8 остананти прекршоци- соопштуваат од Кумановската полиција.