Мени

За три месеци животот поскапел над 2.300 денари, пресмета ССМ

19.03.2026 12:27 | KumanovoNews

Синдикална минимална кошница за месец март 2026 година е зголемена за 436 денари споредено со еден месец претходно, односно февруари 2026 година, објавија од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ).

За три месеци животот поскапел над 2.300 денари, пресмета ССМ

„Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2026 година изнесува 67.818 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2026 год. која изнесува 67.382 денари е зголемена за 436 денари. Со изнајмен стан од 60 квадрати за месец март изнесува 83.193 денари“, објавија од ССМ.

Ако на сумата од 67.818 денари се додадат и оние 21.713 денари за кирија и комуналии за стан од 60 метри квадратни, тогаш потрошувачката кошничка за месец март изнесува 83.193 денари.

Од ССМ потенцираат дека зголемувањето на вредноста на синдикална минимална кошница за трите месеци јануари, февруари и март 2026 година изнесува 2.326 денари.