×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За убиството на командант Шипоња 7 години затвор

    20.05.2017 07:59 | KumanovoNews

    Вкупно 7 години затвор, пет години за убиство и две години за нелегално поседување на оружје е осуден Бајран Лимани од Лојане, претседател на кумановскиот разгранок на ДУИ.

    За убиството на командант Шипоња 7 години затвор

    Тој е осуден за убиството на Џемаил Реџепи (45) во 2015 година, познат како команадант Шипоња. Второобвинетиот Амир Љатифи од Куманово доби казна од вкупно 3,3 години, бидејќи ги рани Шефки Реџеп и Гани Демири во крвавата пресметка што пред две години се случи во кафе бар.

    Кривичниот совет во Основниот суд Куманово, ги прогласи двајцата за виновни, при што на Лимани за извршено кривично дело убиство му изрече казна од 5 години, а за недозволено поседување на оружје 2 години, или вкупна казна затвор од 7 години, додека Љатифи за предизвикување на општа опасност доби казна од 1,3 години затвор и 2 години за недозволено поседување на оружје.

    Семејството на командант Шипоња не се задоволни од пресудата и најавуваат жалба.

    “Ова е второ убиство за нас. Ние очекувавме дека ќе ја ублажат казната, но не верувавме до овој степен. Да се изрече казна од 5 години за некој што извршил убиство, тоа е ненормална работа. Сега се докажа дека судот работи по директива на политичките партии. Ние ќе бараме случајот да го преземе Специјалното јавно обвинителство, бидејќи се знае какво ни е судството, слушнавме и во бомбите на опозицијата како функционираат судовите во цела Македонија“, изјави Љуљзем Алити, братучед на Џемаил Реџепи, командант Шипоња.

    Од семејството најавија дека ќе поднесат жалба до Апелација, а одбраната не сакаше да ја коментира пресудата.

    На двајцата осудени прво им беа поднесени кривични пријави за убиство со умисла и убиство во обид, а потоа делата беа преквалификувана во убиство и предизвикување на општа опасност. По една година во притвор, Лимани и Љатифи беа пуштени во домашен притвор, што адвокатите го сметаа за скандалозно со оглед на тежината на кривичните дела.

    Реџеп Исмаили (45), познат како командант Шипоња, беше убиен на 23 јули 2015 година, во кафе бар во кумановската населба Бедиње поради партиски недоразбирања.

    Помеѓу Лимани и Шипоња постоела нетрпеливост кој да го води огранокот на ДУИ во Куманово. По притворањето на Лимани, во огранокот на ДУИ во Куманово не е избран нов претседател, туку само кординатор кој раководел со партиските активности.

    Осудените ќе останат во домашен притвор до правосилноста на пресудата.

    Љуљзем Алити, братучед на командант Шипоња вели дека семејството не е задоволно од пресудата и ќе поднесе жалба до повисоките судски инстанци.(фото:KuNews)