Забрана за движење во шуми
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува делумно движење во шумите, поради зголемениот ризик за појава на шумски пожари.

Забраната ќе трае сѐ до нејзино отповикување. Оваа одлука не важи за вработените во ЈП „ Национални шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја од сите категории (Национални паркови, Парк шуми, шуми со специјална намена споменици на природата...).
„3а непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност. Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата, и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита на шумски пожари. 3а непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице, - соопштуваат од Министерството.
3абраната не важи за движење во парк шумата Водно, Гази Баба како и за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, Националните паркови и заштитените подрачја со посебна намена во Република Северна Македонија кои ќе бидат одобрени со дозволи од соодветните субјекти кои стопанисуваат / управуваат сo шумите во придружба на преставник од истите.