×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Задружниот дом во село Пчиња ќе стане туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура

    16.05.2022 12:53 | Сузана Николиќ

    Во тек е реконструкција и опремување на задружниот дом во село Пчиња, кој ќе се користи како туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура.

    Задружниот дом во село Пчиња ќе стане туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура

    „Објектот од 200 м2 кој беше руиниран, а кој треба да прерасне во туристичко-промотивен центар на Бислимската Клисура, како дел од проектот Светлина од минатото кој се имплементира преку Центарот за развој на Североисточниот плански регион во партнерство со Историски Музеј – Дупница, по програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, заедно со ЕУ и Министерство за локална самоуправа“, вели градоначалникот Максим Димитриевски.

    На приземјето ќе се сместат инфо центарот за посетители (мапи за движење низ клисурата, информации за туристички услуги кои се нудат), галериски простор за презентација на културно и природно наследство, додека на катот се наоѓаат 2 канцеларии - администритативен простор на објектот.