„Заедно за безбедно лето“ на Градскиот плоштад
05.07.2019 08:47
| KumanovoNews
На Градскиот плоштад во Куманово, денеска во 18 часот, СВР Куманово и Општински совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, организираат сообраќајно-едукативен натпревар „Заедно за безбедно лето“.
Настанот е посветена на безбедноста на младите во сообраќајот и поголема сообраќајна култура на сите учесници во сообраќајот. Ќе биде поставен полигон раскрсница, а учениците ќе возат велосипеди и ќе пишуваат пораки за безбедност кои ќе бидат поставени на видни места во гардот, - соопштуваат организаторите.
На најдобрите екипи ќе бидат доделени пехари и дипломи.
(фото. архива)