×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев ги повика младите да се одлучат за европски вредности во сопствената земја

    16.04.2019 07:48 | KumanovoNews

    Лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, синоќа од Куманово ги повика граѓаните да гласаат за кандидатот Стево Пендаровски, бидејќи тој ќе биде претседател на сите граѓани, а држава ќе биде дел од развиениот европски свет.

    Заев ги повика младите да се одлучат за европски вредности во сопствената земја

    „На овие избори има само една успешна опција за нас и за нашата држава. Тоа е концептот што со сите сили, незапирливо, ја турка земјата напред во западниот цивилизиран демократски свет, кон ЕУ и НАТО и кон економски напредок. Тоа е концептот на Стево Пендаровски. Другиот концепт е за враќање назад, за изолација, за поделби, за бесперспективност, неизвесност, заложништво, калкулантство. Тоа е концептот на Гордана Силјановска. Тоа не е опција. Нови блокади, кочници, Назад е ќорсокак, не опција. Нема тоа да го дозволиме, порача претседателот на СДСМ и премиер, Заев.

    Тој се обрати директно посебно на младите луѓе.

    „Ајде во уште една акција. Бидете одлучни и одговорни кон својата иднина. Гласот за Стево Пендаровски е глас за европски можности во вашата родна земја, за европско образование, европски плати, европски животен стандард. Ќе живеете, патувате, работите со шанси како вашите врсници во Европа. На тој пат сме драги млади луѓе. Вашиот глас вреди. Вашиот глас одлучува. Не се коцкајте со сопствената иднина. Не дозволувајте други да ја повлечат вашата иднина назад. Очекувам да бидете вистинска авангарда во изборот на претседател на државата, ги повика младите, претседателот на СДСМ и премиер, Зоран Заев, да дадат поддршка за бројот три и Стево Пендаровски.