×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев и Димитриевски ќе извршат увид во изградбата на патот во индустриската зона Речица

    14.09.2020 07:15 | KumanovoNews

     Претседателот на Владата Зоран Заев и градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, денеска во 10 часот ќе извршат увид во градежните работи на пуштање на пристапен пат до индустриската зона „Новине“ во село Речица, Куманово.

    Заев и Димитриевски ќе извршат увид во изградбата на патот во индустриската зона Речица

    Владата во декември 2018 година додели 20 милиони денари на Општина Куманово за инфраструктурно уредување на Индустриската зона во селото Речица. Со тоа ќе се создадат услови зоната да заживее и да биде примамлива за домашните и странски инвеститори.

    Средствата се користат за изградба на водоводна и канализациона мрежа, атмосферска канализација, пречистителна станица и асфалтирање на улици.  

    Индустирската зона Речица е неменета за мали и средни претпријатија со лесна незагадувачка индустрија, а предвидена е и изградба на хотел. Се наоѓа покрај автопатото Куманово - Табановце, во близина на селото Речица. Формирана е пред десетина години, но без подршка на предходната централна власт не успеа да се развие и да стане атрактивна за инвеститорите.