Заев најави нови инвестиции и 2000 нови работни места во Куманово

25.02.2021 - 22:26

Премиерот Зоран Заев, денеска најави нови инвестиции во државава, а една од најголемите е во Куманово каде ќе се отворат нови 2000 работни места.

Заев најави нови инвестиции и 2000 нови работни места во Куманово

„Она кое што сакам да го знаат граѓаните е дека во овој период е купена фабрика за кабли Неготино, од турска компанија, којашто не работеше години и години, за 6,5 милиони евра. „Дрекслер Мајер“ најавија инвестиција во Куманово за нови 2.000 вработувања. Овие денови нов погон во Кавадарци исто „Дрекслер Мајер“. „Кромберт и Шуберт“ доби една цела нова линија на „Мерцедес“, којашто ќе значи ангажман на 1.600 работници и бараат локација, веројатно се пред одлука за нова фабрика во државава. Со 9 компании во моментов преговараме како за нови странски инвестиции. Очекуваме во втората половина да се вратиме на нормалниот раст“, рече премиерот Заев, на седница на пратенички прашања.

„Пред некој месец и агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на државата, секаде паѓаат кредитните рејтинзи, ретко е некоја земја со стабилен, или се бројат на една рака, земјите со напредок“, додаде премиерот Заев.

Тој информираше дека „индустриското производство бележи тенденција на раст, тенденција на раст покажува и трговската размена во странство, приходите во Буџетот се во пораст.


2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk