×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заев најави за кратко време составување на владиниот кабинет

    17.05.2017 11:04 | KumanovoNews

    Претседателот Ѓорге Иванов му го додели мандатот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, откако биле отстранети пречките за доделување на мандатот за состав на нова влада.

    Заев најави за кратко време составување на владиниот кабинет

    Заев најави дека со партиите од парламентарното мнозинство ќе се потрудат да го состават владиниот кабинет за помалку од 10 дена и да го достават предлогот до Собранието.

    „Нема да го чекаме рокот од 20 дена, уште веднаш ќе почнеме преговори со партиите што ги доставија 67-те потписи за мандатот и ќе се потрудиме за помалку од 10 дена да го составиме владиниот кабинет и да го доставиме предлогот до Собранието“, изјави лидерот на СДСМ Заев, веднаш по добивање на мандатот за состав на влада од претседателот Ѓорге Иванов.

    Заев како иден премиер се обврза дека новата Влада ќе гради унитарна, граѓанска и европска Македонија, а нивната цел ќе биде да обезбедат услови за добар живот и почитување на мултиетничноста на државата и Рамковниот договор.

    Тој уште еднаш кажа дека новата влада ќе се обиде што побрзо да го укине екстерното тестирање.