Загина пешак на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, кај населбата Карпош
07.12.2018 18:10
| KumanovoNews
Едно лице загинало во сообраќајна несреќа што попладнево се сличила на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на населбата Карпош, на излезот од Куманово.

Пешакот загинал откако во него удрил автомобил „тојота јарис“ со скопски регистарски таблички.
Според неофицијални извори сообраќајката се случило во близина на продавницата Малотино-трејд, а загинал 65- годишен маж.
Полицијата врши увид, а од 17 часот овој патен правец во двете несоки е затворен за сообраќај.