Запалена сува трева во Перо Чичо и Доброшане
05.08.2015 07:54
| KumanovoNews
Во последните 24 часа гореше сува трева во населбите Перо Чичо и Доброшане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Во период од 11.45 до 12.55 часот, горела сува трева во Перо Чичо.
Во период од 13.05 до 13.55 часот, пожарникарите интервенирале на запалена сува трева во Доброшане во близина на селските гробишта.
Во двата случаи нема материјална штета, а причини за пожарот е човечки фактор.