14. 09. 2020 14:33

Започна асфалтирањето на пристапниот пат во индустриската зона во Речица

Започна асфалтирањето на пристапниот пат во индустриската зона во Речица

 Започна изградбата на пристапниот пат во новата изндистриска зона „Новине“ во село Речица. Инвестиција е вредна 3 милиони денари.

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски пред премиерот Зоран Заев и останатите гости потенцираше дека се работи интензивно во новата индустриска зона „Новине“ која е во владеење на Општината, а самата изградба е помогната од средства на Владата искористени за изградба на примарната инфраструктира во зоната.

„Сакам да истакнам дека во постапка е и јавното наддавање. Постигнавме заштеди повеќе од три милиони денари во тендерската постапка и токму тие пари денеска се инвестираат во самата индустриска зона. Општина Куманово во соработка со Владата, ќе продолжи да инвестира во оваа индустриска зона. Во моментот сме во план да излеземе да ги дадеме парцелите на јавно наддавање и истите средства кои ќе се постигнат од продажбата на слободните парцели да ги реинвестираме во оваа индустриска зона, со цел да се овозможи и на домашните стопанственици а потоа и на странските инвеститори да инвестираат во сегментот на лесна и незагадувачка индустрија“, потенцираше градоначалникот Димитриевски.

Димитриевски се заблагодари на сите инвеститори кои веќе имаат инвестирано во производни капацитети во оваа зона и ги охрабри останатите стопанственици да пројават интерес за инвестирање со цел унапредување на стопанството во Куманово.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk