Започна наставата во училиштата, заврши штрајкот на наставниците
04.02.2015 09:22
| KumanovoNews
Од денеска наставата се одвива нормално во сите училишта, откако заврши штрајкот на наставниците.
Вчера попладене потпишана е спогодба помеѓу СОНК и Министерството за образование и Министерството за труд и социјална политика за исполнување на барањата на наставницита.
Прифатени се сите барања, а деталите допрва ќе се прецизираат. Ние како регион сме задоволни од постигнатиот компромис“ - рече Никола Стојмановски, секретар на Регионален просветен синдикат.
Наставниците штрајкуваа 11 дена со барање да се укинат казните од екстерно тестирање, да се зголемат платите за 25 отсто и да се намали административниот дел од работата.