×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна препроценка на недвижниот имот

    03.02.2010 14:36 | KumanovoNews

     Општинската комисијата за недвижен имот започна со проценка на имотот во колективните стамбените објекти во централното градско подрачје. Препроценување на имотот уследи по воведувањето на новата методологија за проценка за да се добие реалната пазарна вредност на имотот.

    Започна препроценка на недвижниот имот

     " Досега граѓаните сами го проценуваа својот имот, а отсега таа работа ќе ја врши комисијата. Со тоа ќе се одреди вистинската пазарната вредност, а не како што со години наназад беше видлива таа разлика"- вели раководителот на секторот Зоран Павловски.

      При утврдувањето на вредноста на објектот се зема во предвид, атрактивноста на стамбениот објект, катноста, материјалот од кој е изграден, близината на трговски центри, училишта и комнукациски врски.

      Оваа е прва фаза од репроценка на имотот која се очекува да заврши до јуни, а потоа ќе стартува проценка на имотот на индивидуалните објекти во градот. Во наредната година ќе се врши проценка на имотот во рураланите средини. Во Куманово приближно има 25.000 индивидуални објекти, каде  наплатата се реализираше до 80%.

    Со новата методологија се очекува зголемување на приливот на средствата од данокот на имот за околу 70%. Овие средства ќе се употребат за инфратруктурни вложувања  на општината.