×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започна реконструкцијата на регионалниот пат Куманово- Опае

    27.05.2019 12:07 | KumanovoNews

    Започна реконструкцијата на регионалниот пат Куманово- село Опае, главната артерија и многу фрекфентна делница која ги поврзува двете соседни општини Куманови и Липково, во Североисточниот регион.

    Започна реконструкцијата на регионалниот пат Куманово- Опае

    Патот е во должина од 6 километри и ширина 5,5 метри, со вредност од 670.000 евра, обезбедни преку Европска банка за обнова и развој. Реконструкцијата на патот ќе трае 6 месеци.

    „Подобрувањето на инфраструктурата е голем приоритет на нашата Влада. Сакам да потенцирам дека овој кумановски регион е исклучитечно важен, бидејќи ги поврзува двата европски коридори 8 и 10, затоа сме сериозно фокусирани и дојдовме да извршиме увид на изградбата на регионалниот пат Куманово- Опае. Сакам да кажам дека во овој момент во регионот сериозно се инвестира во инфраструктурата околу 60 милиони евра во делот на патишта, железници исто така и во комуналната инфраструктура. Паралелно Владата е посветена и на изградба на комуналната инфраструкатура, се работи на три проекти преку Министерството за транспорт и врски во Општина Куманово и еден сериозен проект на пречистителна станица во Општина Липково. На овој начин сметаме дека можеме да дадеме сериозен придонес на економскиот развој на овој кумановско-липковски регион, граѓаните да имаат бенефит, - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

     Тој потсети дека наскоро ќе започне реконструкцијата на патот Никуштак - Куманово и Куманово- Крива Паланка, веќе е се реконструира патот Куманово - Свети Николе, а за врши реконструкцијата на патот Куманово-Пелинце. До крајот на годината се очекува завршување на првата железничка делница од Куманово до Бељаковце, а на почетокот на наредната година ќе отпоче со градба втората делница, од Бељаковце до Крива Паланка.

    Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, рече дека годинава околу Куманово ќе се рехабилитираат, реконструираат и изградат 112 километри на нови патишта, кои се изградени во времето на Тито и 30 години и повеќе не биле чепнати. Меѓу нив и мостот на реката Пчиња познат како „Искрин мост“.

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, се заблагодари на Владата за инвестициите, бидејќи се од големо значење за Североисточниот регион, кој е најнеразвиен во државата.

    Инфраструктурата којашто во моментот се рехабилитира или реконструира, потекнува од далечните шеесети години на минатиот век и на Куманово и регионот и ова му е повеќе од потребно, - изјави Димитриевски.