×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува јубилејното издание на Денови на комедија во Куманово

    27.09.2022 16:28 | Оливера Пешевска

     Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утре започнува 25. издание на Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија. На репертоар се 12 претстави од театрите од Македонија, Србија, Бугарија и Хрватска.

    Започнува јубилејното издание на Денови на комедија во Куманово

    Новина е што фестивалот од оваа година е со натпреварувачки карактер, па стручно жири ќе избира најдобра претства, актер, актерка, режија, сценографија и костимографија. 

    „Не е мала работа во Македонија и особено Куманово 25 години да се одржи во живот една манифестација. Особено сме среќни што и во изминатите 2 години, во најтешките времиња успеавме да го оддржиме континуитетот и да продолжиме со организација на овој фестивал. Имаме богата програма годинава, 12 претстави од Македонија и театри од Хрватска, Србија и Бугарија е една оф- програм претстава која ќе се игра од млади кумановски актери“, изјави Сашо Тодоровски, директот на Центарот за култура.

    Актерот Горан Илиќ потсети дека со посветена работа фестивалот успеја да стане бренд на овие простори, респектабилен и популарен. 

    „Почетоците беа многу скромни, повеќе на мускули, но со годините фестивалот стана многу популарен, што се забележува по долгите редици и барањето билет повеќе за одредени претстави. Се надевам дека во наредните години ќе смогнеме сили и ќе доведеме претстави од други јазични подрачја, пракса воспоставена и кај други поголеми светски фестивали, кои би се прикажувале со превод. Мислам дека и овде публиката ќе може да го доживее тоа искуство и дека ќе има одзив“, истакна Горан Илиќ.

    Оваа година на програмата ќе има стендап комедија на која ќе настапат младите актери: Мирослав Петковиќ, Марко Трајковиќ, Чедомир Митевски, Ангела Стојановска, како и популарните Тино и Атанас.

    „Го заслужуваат целото наше внимание и време, затоа што ова е нешто што прв пат се случува во Куманово, а тие заедно се организираа за да ја освежат малку програмата и да се популаризира овој формат. Вечерта е во четврток на 29 со почеток во 22 часот“, потсети Драгана Гунин.

    Фестивалот утре /среда/ ќе го отвори претставата „Приватни животи“ на Градски тетар од Винковци, Хрватска, а потоа следуваат Народен театaр Штип со претставата „Власт“, Стендап комедија на кумановски актери, Народен театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп со претставата „Да, инспекторе“, Атеље 212 Белград со „Славна Флоренс“, Народен театар Битола, со „Малиџано“, Театар Тетово „Малограѓанска свадба“, Театар „Импресарио“ од Белград, „Повикај го М поради уживање“, Струмичкиот театар со претставата „Паника во хотел Палас“, Драмски театар од Ловеч, Бугарија, Приштински народен театар со „Сомнително лице“, Велешкиот таатар со претставата „Слуга на двајца господари“ и фестивалот ќе го затвори Кумановскит тетара со „Секс и лаги“.

    Наградата „Васил Иљовски“ за животно дело во областа на комедиографијата оваа година ја доби актерот Благоја Чоревски.

    Оваа година за првпат ќе одржи тркалезна маса на која ќе учествуваат Мишел Павловски, Викторија Рангелова, а се уште се чека на потврда од минатогодишниот лауреатка актерката Стојна Костовска.

    Деновите на комедија оваа година ќе се одржат од 28 септември до 14 октомври во Куманово. 

    Фестивалот е поддржан од Министерството за култура со еден милион денари и од Општина Куманово со 450.000 денари.