Заталкан куршум оштети возило
04.08.2015 11:17
| KumanovoNews
Вчера попладне заталкан куршум оштетил возило на улица.

Инцидентот се случил околу 17 часот на ул.„Октомвриска Револуција, кога заталкано зрно завршило во багажникот на автомобил „Ауди“ со кумановски регистерски ознаки. И.С.(30) пријавила во полицијата дека е оштетено возилото на нејзиниот сопруг.
СВР-Куманово изврши увид и работи на целосно расчистување на случајот.