×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затворот К’шање отсечен од светот, а нема ни струја, леб и телефон

    26.01.2019 13:31 | KumanovoNews

     Казнено-поправната установа Куманово во село К’шање е отсечена од светот, поради неисчеистениот снег и големите наноси на патот.

    Затворот К’шање отсечен од светот, а нема ни струја, леб и телефон

    Затворот од вчера попладне има прекин во снабдувањето со електрична енергија и во телефонскиот сообраќај, а утринава останале и без леб затоа што камионот за достава не успеал да се пробие низ снегот. Проблем било и пристигнувањето на вработените на работните места.

    Извори од затворот кажуваат дека во моментот напојувањата со струја се врши со сопствени агрегати, меѓутоа количините со нафта се ограничени и не се знае до кога ќе издржат. Во затворот се користат и последните количини на храна.

    Од управата на затворот потврдуваат дека имаа проблеми поради невремето, и велат дека бараат начин како да го решат проблемот.  Утринава од локалната самоуправа Куманово испратилa помало возило за чистиње снег, па поради големите наноси и непристапниот терен не успеало да го расчиси снегот. Ако во најкратко време не се реши проблемот институцијата ќе се соочи со сериозни проблеми во работењето, велат од затворот.