×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заврши проектот „Младинска медиумска писменост“

    27.03.2019 14:47 | KumanovoNews

    Ученици од четирите средни училишта од градот, претставници на невладини организации, образованието и медиумите денеска присуствуваа на завршниот настан од проектот „Младинска медиумска писменост“, кој го реализираа Центарот за ромска заедница Дром и ТВ Плус. 

    Заврши проектот „Младинска медиумска писменост“

    На настанот беа промовирани мултимедијални содржини, односно две видеа за промоција на медиумската писменост и критичкото размислување и брошура, во чија изработка учествувале самите ученици.

    „Учениците посетуваа обука за медумска писменост и беа учесници на работилници каде самите ги осмислија, креираа овие видеа. Говоревме за значаењето на медиумската писменост, со цел да го поттикнеме критичкото мислење кај младите, бидејќи сметаме дека тоа не е на завидно ниво на кое што треба да биде, за да во свет во кој се изложени на разни медиумски содржини, кои не толку често се точни, туку лажни, постојат многу дезинформации, спинови и слично, знаат аналитички да пристапат кон нив и да ја евалуираат содржината и да создадат слика за одредени медиуми на кои можат да им веруваат, да знаат како да ги препознаваат лажните вести, да ја препознаваат целта на креаторот на тие лажни вести“ - истакна Денис Илијевски, координатор на проектот.

    Проектот „Младинска медиумска писменост“, е во рамки на поголемиот проект „Со критичко мислење на граѓаните преку медиумска умешност“,  кој го спроведува Фондација за интернет и општество Метаморфозис и Центар за европски стратегии, финсисрам од ЕУ.