Заврши школската година-започна летниот распуст
За околу 17.000 ученици, 11000 основци и 6000 средношколци од Општината Куманово денеска започна летниот распуст.

Последните часови во училишните клупи за учебната 2016/17 година беа одржани во петок, во 17 основни и 5 средни училишта во општината.
Во сите училишта денеска се одржуваат наставничките совети, а во текот на неделата ќе продолжи дополнителна настава за учениците кои покажале слаби резултати по одредени предмети. Сведителствата ќе бидат поделени на 23 јуни.
„Ние успешно ја завршивме учебната година. Имаме 1236 ученика и немаме никакви проблеми„, - изјави Лидија Костиќ, директорка во основното училиште Христијан Карпош.
Таа додава дека во текот на летото ќе се извршат градежно-техничките работи во училишната зграда, поправка на скалите, подот и варосување на училниците.
Одморот на наставниците ќе биде во јули, а во август ќе започнат подготовките за новата учебна година.