Здравје за сите, побараа од НРЦ во пресрет на Светскиот ден на здравјето
Немање пари за партиципација и лекови, како и недостаток на гинеколози и мамограф, се најчестите проблеми со кои се соочуваат невработените жените во репродуктивен период при користењето на здравствените услуги, покажало истражувањето на невладината организација Национален ромски центар(НРЦ) во Куманово.

„ Најчеста бариера кај невработените жени е финансиската неможност да се плати партиципацијата, но и да се купи потребната терапија. Во аптеките уште во првите денови од месецот нема лекови кои можат да се земат на трошок на Фондот. Луѓе со хронични заболувања се принудени да купат терапија на сопствен трошок, - вели Сабихана Скендеровска, координатор на проектот „Најчесто користени здравствени услуги услуги кај жените Ромки во репродуктивен период на примарно ниво на здравствена заштита во Р.Македонија“ .
Таа додава дека и покрај глобалните заложби за еднаква здравствени права, за жал, во нашата држава се уште се соочуваме со големи разлики во пристапот до здравствена заштита и здравствени услуги особено кај луѓето кои живеат во сиромаштија. Дополнителен проблем за сите жени во Куманово е што веќе година ипол нема мамограф во јавното здравство, а фалат и гинеколози.
Се соочуваме со недостаток на гинеколзи се чека со недели за да се добие термин кај матичен гинеколог. Куманово нема мамограф кој ќе им овозможи на жените да имаат пристап до мамографски преглед. За истиот преглед се принудени да патуваат во Скопје и да чекаат со месеци за овој преглед, кој го става во ризик животот на пациентиките што е уште поголем финансиски товар за жените. Над 20 отсто од младото работоспособното население во нашата држава на возраст од 15 - 24 години се невработени, - по кажало истражувањето.
Светскиот дена на здравјето - 7 Април оваа година е посветен на универзалната покриеност до здравствени услуги под мотото „ Здравје за сите“, па од НРЦ бараат здравје за сите, за еднакво и партиципативно општество без предрасуди, стероетипи и без дискриминација.
„Еднаков пристап за сите до здравствени услуги за сите граѓани во државата, со особен акцент на Ромките и сите жени кои се соочуваат со економски потешкотии, креирање на здравствени политики кои ќе ги таргетираат жените и децата, со посебен акцент на жените кои се соочуваат со повеќестепена дискриминација, пристап до здравствено осигурување за сите, ефективна реализација на здравствените услуги од примарна здравствена заштита планирани како дел од пакетот услуги на матичните лекари, како и здравствените услуги опфатени во превентивните програми на Министерството за здравство, еднаква распределба на потребниот здравствен кадар во сите региони, таргетирано инвестирање во медицинското образование и специјализирање на профили кои се дефицитарни, дефинирање на транспарентен и јасен пакет на сите здравствени услуги кои ги покрива фондот, мониторинг на искористеноста на здравствените услуги кои се даваат на примарно ниво на здравствена заштита, еднаков пристап до лекови за сите под еднакво, базирано на потребите и специфичностите на секој поединец имајќи ја во предвид економската ситуацијана на граѓаните, - наведе Скендеровска.
Пациентит се соочуваат и со постојани измени на законите и регулативите кои не се познати на пошироката јавност, поради што многу тешко доаѓат до информации за нивните права и функционирањето на здравствениот систем.