Здружението „Пчела“ од Крива Паланка донираше мед за најмалите
Здружението на пчелари „Пчела“ од Крива Паланка, донираше мед за децата од градинката „Детелинка“ и за штитениците во дневен престој на лица со попреченост.
„Денешното донирање на мед за најмалите и најранливите членови на локалната заедница претставува прв чекор во понатамошните хумани активности на ова здружение, кое планира ваквите активности да станат традиција, а воедно и мотивација за останатите здруженија и организации за пружање на помош и поддршка на оние на кои им е најпотребна“, - соопштуваат од Општина Крива Паланка.
Директорката на детската градинка „Детелинка“, Мирка Јакимовска и раководителката на Одделението за дневен престој на лица со попреченост, Добринка Давитковска се заблагодарија од името на дечињата и штитениците, и истакнаа дека секој вид на донација и помош за нив како институции се од големо значење.