×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зелениот пазар повторно работи

    11.05.2015 12:43 | KumanovoNews

    По два дена пауза заради воените дејствија во населба Тоде Мендол, Зелениот пазар повторно работи.

    Зелениот пазар повторно работи

    Пазарџиите велат дека муштериите се враќаат и работата се нормализира. Единствено штета претпрпеле што овие два дена робата им стоела и веќе не е свежа.

    На тезгите нема штети, само што производите не се тазе како што беше. Не е таа роба што беше пред два дена.  Народот доаѓа, купува. Купуваат јадење затоа што за два дена се потрошило - кажа Сефедин Имери, трговец.

    Пазарџиите велат дека фреквенцијата на пазарот е послаба, но се надеваат дека во наредните денови ќе има поголем промет.

    Состојбата во Куманово се нормализира. Јас два дена не работев, но немам некоја штета. И воопшто на пазарот нема некоја штета направена - вели Љубица Христова, трговец.

    Граѓаните кои денеска ги затекнавме се убедени дека безбедносната состојба е под контрола и излегле да купат намирници.

    Купувам пипер, домати, леб. Залихите се потрошени. Сега нема проблем, се е средено. Се чувствувам безбедно. Благодарам многу на полицијата што храбро излезе и ја среди состојбата - рече Методија Трајковски, граѓанин.

    Во саботата полицијата ги вратила трговците назад, бидејќи беше небезбедно поради акција против вооружена група во населба Тоде Мендол.