Земјоделците бараат повисока цена на зелката
Земјоделците се жалат дека зелката ја продаваат по катастрофално ниска цена. На големо зелката се продава по 5 денари за килограм, а на мало достигнува 30 денари. Од диспропорцијата на цената се разочарани и велат дека нивната работа е неисплатлива.

Кумановските земјоделци сега почнуваат да берат зелка од фолии за продажба. Се што е под 30 денари како цена е неисплатливо, бидејќи репроматеријалите се многу скапи - објаснуваат земјодлеците.
Тие додаваат дека дополнителен проблем е што трговците купуваат евтина зелка од Кванташки пазар или од струмичко и тука ја препродаваат. Штетата од ваквото работење ја трпат земјоделците кои вложуваат труд и пари за квалитетниот производ да стаса од нива до потрошувачите.