Земјоделците да ги избегнуваат далекуводите за време на жетва, апелира МЕПСО
04.07.2019 11:52
| KumanovoNews
МЕПСО ги предупредува сите земјоделци во екот на тековната жетва да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси.
Ова предупредување е заради тоа што со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.
„Воедно апелираме до земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси заради тоа што водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар на лицето кое ракува со системот за наводнување и на други лица кои се наоѓаат во непосредна близина“, се вели во соопштението на МЕПСО.