Земјотрес почувствуван во Скопје и околината
25.03.2026 13:12
| KumanovoNews
Во 12.05 часот во Скопје и околината е почувствуван земјотрес со магнитуда од 2,7 степени според Рихтеровата скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Неговата магнитуда изнесува 2.7 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот беше почувствуван во градот Скопје и околината со интензитет III-IV степени според Европската макросеизмичка скала“, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.