Мени

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Скопје и Куманово

23.05.2026 20:38 | KumanovoNews

Земјотрес со магнитуда од 3,5 степени беше почувствуван денеска во Скопје во 17.41 часот.

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Скопје и Куманово

Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 17 часот и 41 минута беше почувствуван земјотресот чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.5

Интензитетот на почувствуваниот земјотрес според податоците изнесува  IV степени според Европската макросеизмичка скала.

Според Европската сеизмолошка опсерваторија, епицентарот на земјотресот со длабочина од 5 км е на 21 км источно од Скопје, на околу 10 километри североисточно од Куманово.

Земјотресот траеше околу 10 секунди и не се чувствуваше со силен интензитет.