Жена паднала и се повредила на Кокино
04.05.2015 09:08
| KumanovoNews
Жена на возраст од околу 40 години, вчера од невнимание паднала од стрмниот терен на опсерваторијата Кокино и се здобила со тешки телесни повреди.

Околу 10.30 часот помош и укажала Итната медицинска помош од Куманово, а потоа била префрлена на хируршкото одделение во Општа болница Куманово. Оттука повредената е пренесена во Ургентен центар во Скопје.