Жените од ВМРО-ДПМНЕ донираа училишен прибор
Жените од ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово вчера донираа училишен прибор за деца од социјално-загрозено семејство од Куманово.

Се работи за семејство кое живее под кирија во центарот на градот, а единствен приход им е социјалната помош.
Донацијата ја правиме по повод почетокот на учебната година. Дониравме ранци, тетратки, блокови, боици, фломастери, ножички, значи комплетно училишен прибор. Иако ова е мала помош во даден момент е значајна. На ваков начин се трудиме да им помогнеме на луѓето кои се обратиле кај нас и побарале помош - вели Емилија Трајковска, претседател на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово.
Трајковска рече дека и во наредниот период ќе имаат неколку слични хуманитарни акции.