×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемена цената на сировата вода

    02.01.2014 13:39 | KumanovoNews

    Водостопанство “Кумановско - Липковско поле“ ja зголемило цената на сирова вода од 2,2 на 6,4 денари за кубик.

    Зголемена цената на сировата вода

     Одлуката пред два дена била доставена до ЈП “Водовод“, од каде велат дека цената е превисока и тоа дополнително ќе ја отежни незавидната финансиска состојба во која се наоѓа претпријатието.

    Директорот Горан Стојковски објаснува дека Куманово е град кој плаќа најскапа сирова вода во државата иако таа е доста неквалитетна. Во главниот град сировата вода не се наплаќа, Прилеп плаќа 0,8 денари, Велес 3,15, Струмица 4,4 денари...

    За година ипол цената од 2,2 денари е покачена на 6,4 денари. Тоа е превисока цена ако се гледа интересот на граѓаните. Се надевам дека со раководството од “Кумановско - Липковско поле“ ќе најдеме заедничко решение за оваа ситуација. Новата цена ја утврдува одборот на водокорисници, а ние не сме консултирани. Која е нивната анализа, на каков начин е дојдено до оваа цена ние не знаеме - изјави Стојковски.

    За новонастанатата состојба Стојковски ќе бара помош од Советот на Општина и политичките фактори во градот. Тој додава дека во последниве две години поскапеле сите суровини кои се потребни за обработка на сировата вода, но тие сепак водат сметка за финасиската моќ на граѓанините и не прават корекции на цената.

    До сега не сме размислувале за зголемување на цената на вода. Но со ова ново покачување ќе мора да направиме дополнителни анализи и јас се надевам дека сепак тоа би било последен и непотребен чекор. Можеби и ќе мора да дојде до покачување на и онака високата цена на вода, бидејќи сме приморани на тоа - вели Стојковски.

    Куманово е еден од ретките градови кој има прочистителна станица и со сметките се плаќа по 8,5 денари за прочистување на вода. Заложба на градоначалникот Зоран Дамјановски е на ниво на држава да се формира регулаторна комисија која ќе ја одредува цената на сировата и вода и секој граѓанин ќе плаќа такса за прочистување, а Министерството за животна средина ќе донира одредена сума за функционирањето на Прочистителната станица.