Жител на Черкезе превезувал мигранти
02.03.2015 09:45
| KumanovoNews
Ј.О.(23) од Черкеско село минатата недела е фатен додека превезувал мигранти.

Во близина на браната Паљурци на патот Богданци - Дојран, земал мигранти со возилото “Ивеко 35 с дејли“, со скопски регистарски таблички. Полицијата го стопирала, но наместо да застане Ј.О. почнал да бега. По кратко време е запрен и кај него се најдени четворица мигранти, двајца од Мали, еден од Нигерија и еден од Того, кои требало да ги превезе до село Лојане.
Ј.О. ќе одговара за сторено кривично дело криумчарење мигранти.