Жител на Пелинце ширел расистички пораки преку Фејсбук
23.04.2019 08:05
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.Ј.(43) од селото Пелинце, Општина Старо Нагоричане, поради сомнение дека сторил кривично дело ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем.

И.Ј. делото го сторил на денот на изборите (21.04.2019) преку социјалната мрежа Фејсбук.