Жител на Ваксинце дома криел мигранти
16.07.2019 14:11
| KumanovoNews
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против Ф.А.(26) од село Ваксинце, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

На 11.07.2019 во село Ваксинце, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот, при што пронашле девет лица, мигранти од Авганистан, Бангладеш и Пакистан.